Светски ден на среќата

Во светот според индексот на среќа, Македонците на 84-то место

20.03.2024 14:34

Денеска се одбележува Светскиот ден на среќата. Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот. Македонија е на 84-то место, но младите под 30 години во земјава се малку посреќни и се наоѓаат на 67-то место …

Македонците се најнесреќни на Балканот. Во светот според индексот на среќа сме на 84-то место, додека младите под 30 години се нешто посреќни и се наоѓаат на 67-то место. Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја, седма година по ред, покажува извештајот на Обединетите нации.

Среќата е насекаде околу нас, треба само да ги отвориме очите и да ја погледнеме. Секој ден има најмалку една причина за да бидете среќни.

Секој со различна перцепција за тоа што е среќа и што го прави среќен.

Оние кои ги анкетиравме велат повеќето млади среќата ја бараат надвор од границите.

Искуството на психолозите вели дека нашиот народ е прилично напнат и тажен. Луѓето чувствуваат беспомошност околу справувањето со системот и со остварувањето на своите права.

Во земјава сè повеќе се развива свеста кај населението и сè повеќе паѓа стигмата дека ако имаш потреба од психијатар имаш и голем проблем.

Среќните луѓе не размислуваат за среќа, за среќа размислуваат несреќните. Не размислувајте за среќа туку истата создадете ја околу вас.

 

Ана Јосифоска Тодоровска