САД

Стејт департмент: Јакимовски ја злоупотребил функцијата за лична корист

20.03.2024 18:36

За Гласот на Америка на македонски, велат дека имаат кредибилни информации оти Јакимовски ја злоупотребил функцијата за лична корист и за корист на негови соработници ...

Американскиот стејт департмент се огласи по изјавите на Јакимовски за наводно мешање однадвор во претседателските избори.

Оттаму, за Гласот на Америка на македонски, велат дека имаат кредибилни информации оти Јакимовски ја злоупотребил функцијата за лична корист и за корист на негови соработници, во процеси кои се однесуваат на јавните набавки и урбанистичкото планирање.

„Функционерите за кои државниот секретар, има кредибилни информации за директна или индиректна вмешаност во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, не се подобни за влез во САД“, изјавија од Стејт департментот.