Македонија загуби од Украина
Македонската репрезентација за играчи до 19 години со пораз ги стартуваше елитните квалификации за пласман на Европското првенство, нашата селекција загуби од Украина ...

Македонската репрезентација за играчи до 19 години со пораз ги стартуваше елитните квалификации за пласман на Европското првенство, нашата селекција загуби од Украина со 0:2 (0:1).
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, при ФФМ, а гостинската селекција кој беше фаворит ја оправда улогата иако во првиот дел Македонија играше доста добри и цврсто во одбраната, па Украина дојде до водство дури во судиското надополнување на првиот дел кога најдобро се снајде Данило Кревсун, кој од петнаесетина метри упати прецизен удар за водство од 1:0 на Украина.
На самиот старт на вториот дел Пономаренко зголеми на 0:2 по само три минути игра и донесе водство од два разлика за Украина.
Фото :/ ФФМ