Тенис

Магдалена Стоилковска со успех во првото коло на ИТФ во Хонгконг

20.03.2024 20:22

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска направи голем успех откако во првото коло на ИТФ фјучерс турнирот во Шарм Ел Шеик ...

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска направи голем успех откако во првото коло на ИТФ фјучерс турнирот во Шарм Ел Шеик, ја елиминираше првата носителка Адитиа Карунератне од Хонгконг.

Македонската тенисерка по голема борба во меч со три сета кој траеше 2 часа и 52 минути дојде до големата победа.

Во првиот сет Карунаратне беше убедлива добивајќи го со 6-2. Во вториот Стоилковска беше подобра со 6-4 по што се израмнија во сетови 1-1.

Во третиот решавачки сет се играше тајбрејк кој го доби Стоилковска со 7-5.