Трагедија
Почина жената што беше турната од трет кат на зграда во Охрид
20.03.2024 21:05
Почина жената која на 8 Март беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид ...

Почина жената која на 8 Март беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид. Додека три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, изјави локален медиум.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
