Србија

Ана Брнабиќ е избрана за нов претседател на Законодавниот дом на Србија

20.03.2024 21:31

Доскорешната српска премиерка, Ана Брнабиќ е избрана за нов претседател на Законодавниот дом на Србија ...

Доскорешната српска премиерка, Ана Брнабиќ е избрана за нов претседател на Законодавниот дом на Србија. Коалицијата којашто застана зад неа, рече дека се решиле на таков чекор зашто се горди на работата, што Брнабиќ ја направила за време на нејзините три премиерски мандати. Таа, пак, рече дека оваа позиција за неа е голема чест, привилегија и обврска.

Пред гласањето, опозицијата ја напушти салата, со исклучок на петмина претставници од листата на лекарот Бранимир Несторовиќ, кои гласаа против изборот на Брнабиќ.