Загина руски новинар во Украина

17.06.2014 16:00

Игор Корнељук почина во болницата по нападот покрај стадионот на Металист, додека Антон Волошин, задолжен за тонот е пријавен како исчезнат...

Новинар на Руската државна телевизија загина во минофрлачки напад во село во близина на Луганск, јавуваат руските медиуми. Игор Корнељук почина во болницата по нападот покрај стадионот на Металист, додека Антон Волошин, задолжен за тонот е пријавен како исчезнат.

Италијански фоторепортер и неговиот руски помошник загинаа исто така од минофрлачки огин минатиот месец во источна Украина, кадешто досега животот го загубија неколку стотици лица.

Зоран Богатинов