ФИНКИ на протест пред Влада
Од ФИНКИ бараат власта да ги подобри условите за студирање на студентите...

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со одлука од деканатската управа, на пладне ќе организира мирен протест пред Владата.
Според најавите, на отворено ќе се одржи и седница на наставно-научниот совет на факултетот. Од ФИНКИ бараат власта да ги подобри условите за студирање на студентите.
Наставата на факултетот се одржува во 8 различни објекти. Изградбата на новиот објект долго време е стопирана, не се презема ништо за нејзино повторно активирање. Владата не одвои буџет ниту во тековната 2024 година и управата на Факултетот постојано прави напори за изнаоѓање привремено решение за ФИНКИ да функционира нормално, велат од деканската управа.
