Пари за свињарските и живинарските фарми
Свињарските фарми кои годинава ќе одгледуваат најмалку 5 приплодни грла ќе добиваат по 1000 денари за секое животно. За продадена гоеница во регистриран кланичен капацитет следуваат исто така по дополнителни 1000 денари кои ќе се намалуваат доколку се работи за поголем број животни. За живинарските фарми остануваат досегашните финансиски мерки …

По 1.000 денари за грло ќе добијат сточарите кои одгледуваат женски приплодни маторици и кои поседуваат минимум пет свињи. Услов е тие да бидат чувани најмалку до 30 ноември 2024 година.
Право на финансиска поддршка имаат и земјоделските стопанства кои одгледале или продале најмалку пет гоеници во регистриран кланичен капацитет во периодот од мај 23 до април 2024 година.
Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари.
Субвенцијата се пресметува скалесто и се намалува со големината на бројот на животни. За 5 до 5.000 свињи е 100 проценти, до 15.000 е 80 и над 15.000 е 40 проценти.
Во живинарството за одгледани или продадени бројлери во преработувачки капацитети од октомври 2023 до септември годинава се добиваат по 40 денари за пиле.
За амортизирани несилки однесени во кланични капацитети во периодот од 1 октомври 23-ра до 30 септември 2024 година можат да се добијат по 150 денари за несилка. За земјоделските стопанства кои произвеле и продале еднодневни бројлери од октомври лани до септември оваа година, субвенцијата е 10 денари по пиле.
Методија Трајков
