Украина
Сирени во Киев, војната со дронови продолжува
21.03.2024 08:51
Во рускиот напад со проектили и дронови повредени се 8 лица. Делови од соборените проектили погодија станбена зграда по што изби пожар...

Десетици експлозии одекнаа рано изутрина во центарот на Киев. Во рускиот напад со проектили и дронови повредени се 8 лица. Делови од соборените проектили погодија станбена зграда по што изби пожар.
Одговорот на Москва доаѓа по зголемените напади врз Белгород во кој загинаа две лица. Во истовреме, Украина ги доби првите 4,5 милијарди евра поддршка во рамките на програмата на ЕУ.
Силна поддршка и уверување за нова помош пристигнува и од САД-вели Зеленски, додавајќи дека виталното американско лидерство останува силно во поддржувањето на меѓународното владеење на правото.
