Израел

Нетанјаху не се откажува од планот за Рафах

21.03.2024 09:08

Во меѓувреме ги продолжи воздушните напади во Појасот Газа. Хамас, пак, тврди дека официјален Тел Авив го одбил нивниот последен предлог за примирје...

Израелскиот премиер Нетанјаху не се откажува од копнена офанзива во Рафах, но вели дека ќе биде потребно извесно време за да се подготви армијата. Во меѓувреме ги продолжи воздушните напади во Појасот Газа. Хамас, пак, тврди дека официјален Тел Авив го одбил нивниот последен предлог за примирје.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој е во посета на Блискиот Исток ќе се обиде да ја реши ситуацијата. По посетата на Саудиска Арабија, Блинкен денеска на разговори во Египет. Утре ќе се сретне и со израелските власти.