Македонија
Ќе се избира член на Советот на јавни обвинители
21.03.2024 09:12
Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5...

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, со изборно место број 5.
Како што информираат од Советот, гласачкото место се затвора во 16 часот.
Комисијата која ги спроведува изборите во ЈОРСМ околу 16:15 часот ќе ги достави изборните материјали во Советот, стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.
