Полициска акција-Гром
Србија ја тресе „Гром“
06.12.2013 15:20
Приведени повеќе стотина нарко дилери ширум Србија
Утринава, со координирана акција на целата територија на Србија над 1000 припадници на полицијата и на безбедоносните служби, ја започнаа операцијата Гром.Целта на акцијата е разбивање на организираниот криминал, на илегалната трговија со наркотици и на финасиските злоупотреби од страна на хулиганите-изјави за медумите директорот на српската полиција-Милорад Вељовиќ.
Во Акцијата Гром, досега се претресени над 900 локации, при што се приведени повеќе стотина лица, од кои 250 ќе бидат процесуирани, а на 127 лица веќе им е одреден притвор-изјави Вељовиќ. Тој додаде дека меѓу приведените најмногу се нарко-дилери, но има и екстремисти и фудбалски хулигани. Запленети се големи количини на наркотици, откриена е една лабораторија, како и повеќе видови на оружје.
Акцијата -Гром е досега најголема полициска акција во Србија во изминатите 25 години, и таа сеуште е во тек.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.
Постојан дописник за МРТ од Белград, Оливер Бранковиќ
