Случај „Викиликс“

„Волстрит журнал“: Можно е Асанж да не биде екстрадиран во САД

21.03.2024 11:14

Вашингтон ја разгледува можноста основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да не биде екстрадиран во САД, доколку прифати вина за помало кривично дело, односно, се изјасни за виновен за лошо постапување со доверливи информации...

Вашингтон ја разгледува можноста основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да не биде екстрадиран во САД, доколку прифати вина за помало кривично дело, односно, се изјасни за виновен за лошо постапување со доверливи информации, пишува „Волстрит журнал“.

Повикувајќи се на извори во американското Министерство за правда, весникот пишува дека доколку ова се случи, тој би можел да биде ослободен од британскиот затвор и да избегне екстрадиција. Асанж објави илјадници тајни документи и дипломатски извештаи, поради што САД го обвини за шпионажа по 17 точки и побара негова екстрадиција од Обединетото кралство.