Русија
Нови обиди за извлекување на рударите во Русија
21.03.2024 11:38
Регионалното руско обвинителство кое отвори кривичен предмет поради прекршување на безбедносните барања, соопшти дека бројот на луѓе заробени под земја може да е и поголем...

Спасувачките напори за извлекување на 13-те рудари кои веќе два дена се затрупани во рудникот за злато во регионот Амур продолжија со засилен персонал од 30 луѓе и опрема што пристигна од Новокузњецк.
Регионалното руско обвинителство кое отвори кривичен предмет поради прекршување на безбедносните барања, соопшти дека бројот на луѓе заробени под земја може да е и поголем.
