Чешка донација за Клиниката за детски болести

17.06.2014 16:14

Станува збор за продолжување на проектот за изградба на Ургентниот центар, чиј иницијатор беше ЛинкАкрос...

Универзитетската клиника за детски болести денеска од Амбасадата на Република Чешка доби еден неонатолошки пулсоксиметар со сензор за сатурација, два вакум централни аспиратора, три инхалатори „Хепи Неб 3“,еден јонизатор/озонатор прочистувач и две ампули за нивелизација „Неб џет“.

Донацијата вредна 111.475 денари е реализирана преку невладината организација ЛинкАкрос. Станува збор за продолжување на проектот за изградба на Ургентниот центар, чиј иницијатор беше ЛинкАкрос. На директорката на Клиниката доц. д-р Аспазија Софијанова опремата и ја предадоа чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш, неговиот заменик Јосеф Брож и директорот на ЛинкАкрос Џонатан Мангелс.

Клиниката за Детски болести изрази огромна благодарност за поддршката и помошта од чешка страна во реновирањето на објектот и создавање подобри услови за лекување на најмаладите пациенти.

Соња Стојановска