Исповед на мајка на дете со Даунов синдом
Денеска е Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром. Не е познато колку се на број, но се знае дека едно лице на 1.000 новородени има недостаток на еден хромозом. Во Македонија не постои регистар, што дополнително ја отежнува ситуацијата за да се вклучат овие лица во општеството...

Првпат кога го видов знаев дека родив дете со Даунов синдром, почнува да раскажува Сузана Стојановска, мајка на сега тинејџерот Никола. Вели, месец дена и требало да се соземе, да престане да се преиспитува зошто баш нејзе и се случува, да се обвинува, се собрала и решила да оди напред и да го следи мајчинскиот инстинкт. Се откажала од работата и ја почнала борбата. Прво во градинка.
За разлика од градинката, во училиштето била пријатно изненадена.
Никола имал образовани асистенти, но и бил жртва на еден од нив.
Нејзиниот син сега е матурант, но не затоа што државата, институциите тоа го имаат средно, туку затоа што таа неуморно ги турка работите. Вели нема закон за средно образование, се чува во фиока веќе четири години. Град Скопје обезбедува асистенти за училишта што се под негова капа, додека средните, кои се под капата на државата, немаат. Никола сè уште ќе беше дома ако не бев упорна и истрајна, вели, а ние сега бараме работа за него.
Иако државата нема систем за помош и поддршка на семејства кои имаат деца со некаков вид попреченост, таа сама храбро продолжува да чекори кон иднината, гласно да зборува и да се бори за сите.
Наташа Јанчиќ-Менковски
