МАНУ

Прогласени добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“

21.03.2024 14:07

Жан Пјер Симеон од Франција е лауреатот на Струшките вечери на поезијата. Во МАНУ прогласени и добитниците на наградата „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024-та. Во чест на Светскиот ден на поезијата 21-ви март и традиционално поетско читање...

„Живееш во име, во кое место за тебе нема.“ Ова се стихови на годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата Жан Пјер Симеон, добитникот на Златен венец.

Симеон е француски поет, прозаист, драмски автор, есеист. Го негува естетизмот наспроти токсичниот нихилизам. Додека сите се натпреваруваат кој ќе биде пожесток, Симеон се приклонува кон сочувување на песната од сквернавење. „Поезијата треба да владее со светот“, порачува Симеон. Каква порака се праќа преку изборот на лауреатот, се рефлектира и на политичката порака, вели професорката Шелева.

Германската авторка, Катрин Питс, е добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга на млад автор за книгата „Вакви денови имало отсекогаш“.

Годинава се одбележуваат 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“од Ацо Шопов. Ги прашуваме младите, дали читаат поезија, што читаат и кои стихови им останале во сеќавање.

На денот на поезијата се одржа поетско читање. Се одржа во МАНУ и во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга.

 

Александра Велинова