Претседателските кандидати почнаа со поканите за дебати
Партиите сè уште кријат кои се носителите на листите, но затоа претседателските кандидати почнаа да се канат на дебати. Меѓу редови, не испуштаат прилика и да се навредат меѓусебно ...

Додека големите ги чуваат носителите на пратенички листи како адути на изненадување, претседателските кандидати се канат на дебати. Лидерот на СДСМ Ковачевски, не ги открива носителите на листа во неговата коалиција повикувајќи се на демократијата во партијата и одлуката на партискиот конгрес. Вели сите се видни членови при тоа негирајќи дека некој од носителите е префрлен од една во друга изборна единица заради одредени интереси.
Претседателскиот кандидат Арбен Таравари во име на коалицијата „Вреди“ посочува дека останува условот за постизборно коалицирање со партија која има европски ставови, но и желба за бришење на 20-те проценти од Уставот.
Таравари не знае кои од претседателските кандидати ќе му дојде на дебата во сабота, единствено добил негативен одговор од Пендаровски дека нема да присуствува поради законски пречки во предизборието. Шефот на државата пак со иста покана но заедничката дебата да се одржи на почетокот и на крајот од кампањата.
Миле Ристески
