Земјоделство

Производството на жито не ги задоволува домашните потреби, земјава ќе остане увозно зависна

21.03.2024 15:15

Македонија има доволно жито, но недоволно за да се ослободиме од увозната зависност, тврдат агрономите. Земјава ќе остане увозно зависна како за суровини, така и за финални производи...

Македонија има доволно жито, но недоволно за да се ослободиме од увозната зависност, тврдат агрономите. Па така земјава ќе остане увозно зависна како за суровини, така и за финални производи, оти државата никако да покаже поголема сериозност со цел да го заживее домашното стопанство.

Војната меѓу Украина и Русија има големо влијание врз цените на храната, оти тие се значителни производители на голем дел на суровините. Одлуката на дел од земјите за ограничен извоз, предизвика раст на цените не само кај нас, туку и на глобално ниво. Според економистите конфликтот и даде ветар во грб на инфлаторната спирала, која тешко се зауздува.

Моменталното производство не ги задоволува домашните потреби, додаваат агрономите, па оттука треба да се размисли што ќе правиме годинава, но и долгорочно во иднина.

Дека ќе биде тешко потврдуваат агрономите, и бараат од државата да покаже поголема одговорност за домашното земјоделство.

Македонската Телевизија ја контактираше Агенцијата за стокови резерви, да кажат дали земјава има доволно залихи, но од таму одговор нема.

Паралелно, цените во продавниците и понатаму ќе растат, поготово на храната, оти Македонија има сè помалку домашно производство.

 

Борис Грујоски