Здравство

Медицинските сестри од примарното здравство на прв симпозиум

21.03.2024 15:29

Медицинските сестри од примарното здравство во Прилеп го одржаа првиот симпозиум. Задоволни сè што се формира посебно здравство кое ќе покренува решенија на проблемите, а тие се битни да му се застане на патот на одливот на медицинските сестри од земјава...

Елизабета Настеска е медицинска сестра во примарното здравство. Вели, неопходно беше формирањето посебно друштво кое ќе ги артикулира проблемите и ќе се бараат решенијата за достоинствена професија, подобри услови и поголеми плати.

Одливот на медицинските сестри има загрижувачки размери. Недостасуваат околу 8.000, а потребите во здравството се задоволени само 50 насто.

Реформите во примарната здравствена заштита се почнати и потребна е децентрализација на услугите за пациентите.

Одливот на медицинскиот кадар мора да се превенира.

 

Елизабета Митреска