Животна средина

Млади иноватори ги промовираа своите локални иницијативи за клима и животна средина

21.03.2024 16:43

Младите иноватори бараат начин да си ја исчистат средината. Министерката Шукова, пак, горда оти трендот за загаден воздух опаѓа …

Маркери за пишување направени од сагите од оџаците и фотоволтаичен паметен еко панел за прочистување на воздухот, ова се дел од еколошките иновации на младите од Македонија. Над 60 млади иноватори и климатски активисти, на првиот ден од пролетта, во градскиот парк ги промовираа своите локални иницијативи за клима и животна средина.

Овде станува збор и за животната средина и за образованието, но и за будењето на претприемачкиот дух кај младите, велат од УНИЦЕФ.

Да се подобри квалитетот на образование и во делот на климатските промени и одржливоста, за македонските ученици да ги прошират знаењата за животната средина, околината, природата и природните ресурси, став на Министерството за образование.

И додека младите Македонци бараат иновативни начини за справување со еден од најгорливите проблеми во Македонија, загадувањето, од Министерството за животна средина информираат дека податоците од автоматскиот мониторинг покажуваат тренд на намалување на загадувањето.

Во рамките на истиот проект ќе се врши зазеленување на сите четири општини, а ќе бидат набавени и неколку нови еколошки автобуси за градот Скопје, информираат од Министерството.

 

Марија Котовска