Образование

Студентите на ФИНКИ на протест пред Влада

21.03.2024 16:12

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство на мирен протест пред Влада. На протестот одржана и 25-тата редовна седница на наставно-научниот совет на факултетот. Професорите и учениците бараат подобрување на условите за студирање на студентите на факултетот и најавуваат дека ова е само еден од серијата протести што ги планираат до постигнување на целта …

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада. Со поставување столчиња и одржување наставно-научен совет на отворено, професорите и студентите испратија симболична порака дека немаат простории каде да одржуваат настава. 10 години чекаат државата да го доизгради објектот кој трајно би ги решил овие проблеми. Деканот Боро Јакимовски, вели дека неколку години се разгледуваат државни објекти каде би можел да биде сместен ФИНКИ, но засега владата ни за ова не донела одлука.

Студентите се жалат на лошите услови на факултетот. Често се преморени предавањата да ги следат од дома. немаат амфитеатар, предавалните се тесни, шетаат по објектите на машински и електро за да полагаат испити.

Министерот за образование Шаќири, признава дека во неколку наврати, барал повеќе средства за да бидат изградени објектите на ФИНКИ и ДИФ, но и за ова владата не донела одлука. Наместо тоа парите се инвестирале за факултетот да има нови простории, но во објектите на другите факултети.

Претходно управата на ФИНКИ, бараше да бидат сместени во бараките на Бирото за развој на образованието. Шаќири вели дека за ова има добиено негативно мислење, а вработените во институцијата иако го поддржуваат факултетот во заложбата за подобри услови, сепак нема да ги отстапат своите простории.

 

 

Викторија Милевска