ДИК

Потврдени кандидатурите за претседател на државата

21.03.2024 17:39

Државната изборна комисија попладнево и формално ги потврди кандидатурите на седуммината кандидати меѓу кои граѓаните на РС Македонија ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас на претстојните претседателски избори ...

Државната изборна комисија ги потврди претседателските кандидати, сега точно се знае кој ќе се најде на листата за гласање за нов државник. 

И официјално во трката за претседател се актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, кој повторно со поддршка на СДСМ ќе се бори за втор мандат, потоа Гордана Силјановска-Давкова, која ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, Бујат Османи, кој е кандидат на ДУИ, Арбен Таравари, кој за функцијата ќе се бори како кандидат на опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата „Вреди“, актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на „Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска и градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Членовите на ДИК за неколку минути едногласно ги потврдија поднесените листи за кандидат за претседател на Република Северна Македонија за изборниот циклус 2024 година со прилозите кон нив.

 
Известува Ана Јосифовска-Тодоровска.