Кошаркарите на Пелистер загубија од Подгорица
Пелистер загубија од Подгорица со 86-81 и сериозно си ги намалија шансите за пласман во плејофот во рамки на АБА2-лигата Битолчани го контролираа натпреварот се до последната четвртина кога дозволија голем пресврт на противникот ...

Кошаркарите на Пелистер загубија од Подгорица со 86-81 и сериозно си ги намалија шансите за пласман во плејофот во рамки на АБА2-лигата Битолчани го контролираа натпреварот се до последната четвртина кога дозволија голем пресврт на противникот. Македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко одигра одличен натпревар со 24 поени и 10 скока, а Јуре Планиниќ имаше 19 поени ви битолскиот состав.
Пелистер играше одлично три четвртини и имаше постојано водство, а во последниот период влезе со +12. Подгорица резултатски ги доби последните 10 минути со 28-15 и успеа да дојде до победа од 86-81 со која само ја зацврстија својата позиција во плејофот.
Фото :/ КК Пелистер
