ДИК ги потврди седуммината кандидати за претседател
Државната изборна комисија попладнево и формално ги потврди кандидатурите на седуммината кандидати меѓу кои граѓаните на РС Македонија ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас на претстојните претседателски избори ...

Државната изборна комисија едногласно ги потврди листите на сите седуммина кандидати за претседателските избори, кои ќе се одржат на 24 април. На гласачкото ливче ќе бидат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од „Знам“, Билјана Ванковска поддржана од „Левица“, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од коалицијата „Вреди“.
На седницата ДИК, констатираше дека кандидатските листи биле навреме доставени и од МВР побара да се проверат дали тие се составени во согласност со одредбите на Изборниот законик, односно дали кандидатите се македонски државјани, дека се постари од 40 години и дека во последните 15, 10 години живееле во Македонија.
Стевчо Јакимовски и Арбен Таравари треба во наредните два дена да ги докомплетираат кандидатурите.
Ждрепката за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче ќе се одржи најдоцна на 28 март. Во меѓувреме политичките партии и коалиции се подготвуваат за промоција и објавување на програмите на претседателите, но и на носителите на листи за пратеници за парламентарните избори закажани на 8 мај.
Ана Јосифовска Тодоровска
