избори

Привршуваат комбинаториките за носители на листа

22.03.2024 08:27

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, носители на листите се: Мицкоски во првата, Мисајловски во втората, Ковачки во третата, Николовски во четвртата и Дафина Стојановска во шестата...

Утре СДСМ на партиски конгрес ќе ги потврди пратеничките листи со 120 кандидати за сите шест изборни единици. Лидерот Ковачевски засега обелодени дека тој ќе ја предводи првата изборна единица. Потврди и дека Лукаревска ќе биде носител на една од листите.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, носители на листите се: Мицкоски во првата, Мисајловски во втората, Ковачки во третата, Николовски во четвртата и Дафина Стојановска во шестата. Ќе бидат потврдени на партиски настан на 31-ви март.

До тогаш партијата треба да го објави и името на носителот во петтата изборна единица.