Додека цел свет гледа фудбал, Бразил се соочува со протести
Разгневените демонстранти го запалија американското знаме, но и на ФИФА, во североисточниот град Натал, кадешто играа репрезентациите на САД и Гана...

Додека светот ужива во мајсториите на врвните фудбалери, Бразил се соочува со бранови протести. Десетици илјади незадоволници излегоа на улиците во повеќе градови. Во жестоките судири, полицијата употребила солзавец, но и вистински куршуми. Еден демонстрант загина, уапсени се над десетина демонстранти. Властите поведоа истрага, двајца полицајцисе суспендирани.
„Ова што се случува сега не е поразлично од тѕоа што се случува во Риосекој ден. Полицијата е слабо обучена и неподготвена. Слабо се платени и не се во состојба да се грижат за безбедноста на луѓето секојдневно, ниту за време на Светското првенство“, вели Антонио Коста.
Разгневените демонстранти го запалија американското знаме, но и на ФИФА, во североисточниот град Натал, кадешто играа репрезентациите на САД и Гана.
„Луѓето се плашат да протестираат бидејќи полицијата употребува сила. Денеска имаше повеќе полицајци од демонстранти“, вели Јасмин Калзари демонстрант.
„Постои заштитна област но штом ќе ја напуштиме, полицијата гаѓа со шок бомби. Полицијата го поттикнува насилството“, изјави Урутау Гуајаја, лидер на Гуајаја племе.
Незадоволството се манифестира на секој начин, уметниците на секој агол цртаат графити, железничарите протестираат, во Бразил владее хаотична состојба.
Населението е незадоволно од социјалниот и економскиот статус во земјата, на удар е средната класа која што треба да плати за стадионите по илјада евра од домашниот буџет.
Марија Петковска
