еу
Босна и Херцеговина ги почнува преговорите за членство во ЕУ
22.03.2024 08:37
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ова е важна пресвртница за земјата...

Лидерите на ЕУ се согласија да ги отворат преговорите за членство со Босна и Херцеговина, иако на земјата и претстои уште многу работа пред да започнат разговорите. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ова е важна пресвртница за земјата.
Информацијата ја потврди и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави, како што рече, историската одлука, коментирајќи дека Сараево за само една година забележало поголем напредок отколку за една деценијa.
