Појас Газа
Брисел бара итен прекин на огнот
22.03.2024 08:41
Американскиот државен секретар Блинкен ги продолжува разговорите во Тел Авив. Смета дека се намалува јазот меѓу Израел и Хамас и дека нов договор е можен...

Лидерите на ЕУ од Брисел испратија порака за итен прекин на огнот во Појасот Газа. Претходно и САД предложија резолуција до Советот за безбедност, велејќи дека ќе ја стават на гласање што е можно побрзо.
Американскиот државен секретар Блинкен ги продолжува разговорите во Тел Авив. Смета дека се намалува јазот меѓу Израел и Хамас и дека нов договор е можен.
Операцијата во Рафах и натаму останува камен на сопнување меѓу САД и Израел. Блинкен со познатиот став на Вашингтон дека офанзивата не е неопходна за победа на Израел. Нетанјаху спремен да ги чуе предлозите од Белата куќа.
