Македонија
Убиен матичен доктор пред поликлиниката во Железара
22.03.2024 08:58
Според првични но сè уште неофицијални податоци, станува збор за матичен доктор на кој сè уште непознат сторител му нанел убоди со нож од кои тој починал...

Едно лице е убиено со повеќе убоди од нож во инцидент кој вчера доцна вечерта се случил пред поликниката во Железара, дознава МТВ од полициски извори. Според првични но сè уште неофицијални податоци, станува збор за матичен доктор на кој сè уште непознат сторител му нанел убоди со нож од кои тој починал.
Телото го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција. А, полициските службеници сè уште се на терен. Се чека МВР да излезе со официјални информации за овој случај.
