судство

Управниот суд донел пресуда за поништување три владини одлуки

22.03.2024 09:16

Станува збор за решенијата за формирање комисии за распоредување и за интерниот оглас за пополнување на слободни работни места во МВР, донесени од министерот Тошковски, а кои беа поништени од Владата...

Управниот суд донел пресуда за поништување три владини одлуки. Станува збор за решенијата за формирање комисии за распоредување и за интерниот оглас за пополнување на слободни работни места во МВР, донесени од министерот Тошковски, а кои беа поништени од Владата. 

Управниот суд оценил дека во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик кои имаат врзани потписи, конечна одлука треба да донесе ДИК, а не Владата да ја оценува законитоста. 

Според Тошковски, ова е потврда дека владината одлука имала политичка позадина.