Македонија

Одбележување 75 години НАТО

22.03.2024 09:02

Министерството за одбрана и Армијата во соработка со локалната самоуправа, организираат отворени денови со граѓаните...

Во земјава се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата со повеќе активности. Министерството за одбрана и Армијата во соработка со локалната самоуправа, организираат отворени денови со граѓаните.

Денеска попладне на плоштадот „Александрија“ во Прилеп граѓаните ќе може да се запознаат со воената опрема од повеќе единици. Ќе бидат презентирани и борбените вештини на македонските војници.