Украина
Жестоки борби меѓу Москва и Киев
22.03.2024 11:01
Масовно гранатирани Запорожје, Дњепропетровск, Харков, Виница, Суми и Лавов...

Русија изврши најголем напад врз украинската енергетска мрежа од почетокот на војната. Масовно гранатирани Запорожје, Дњепропетровск, Харков, Виница, Суми и Лавов. Тврдат дека освоиле уште едно село во правец на Авдиевка.
Проектил заврши во тролејбус со патници во близина на браната на хидроелектраната Дњепар. Оштетен е енергетскиот систем на Украина-потврди Киев, и возврати со дронови во Белгород
„Повторно сме под оган. Има мртви и повредени. Оштетени се три здравствени установи и станбени згради“, изјави Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгород.
