Претседателските кандидати познати, се финализираат пратеничките листи
Партиите ги носат последните одлуки. Сè уште се калкулира со носителите на листи. Утре, конгрес на социјал-демократите, ќе бидат презентирани токму носителите на листи во шестте изборни единици...

Претседателските кандидати познати, но калкулациите за носителите на листа сè уште траат. Или барем така е за јавноста, до последен момент. Од она што е познато, утре конгрес на социјал-демократите каде што ќе бидат презентирани токму носителите на листи во шестте изборни единици.
Димитар Ковачевски, прв во единицата. Сигурна е и Сања Лукаревска, се споменуваат и имињата на Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Славјанка Петровска се имињата кои ќе бидат први на листите.
Во ВМРО-ДПМНЕ разрешена дилемата за петтата изборна единица. Носител таму ќе биде Ѓорѓија Сајковски, генералниот секретар на партијата. Лидерот Мицковски во дуел со Ковачевски во единицата. Владо Мисајловски и на овие избори е носител во двојката. Следуваат Драган Ковачки, Александар Николовски и Дафина Стојановска.
Во партијата на Максим Димитриевски од познатите имиња за јавноста, тројката ќе ја предводи генералот Павле Арсовски, а петката Весна Бендевска.
ДУИ под велот на мистеријата, кои се нивните носители, но затоа коалицијата ВРЕДИ се мисли само, кого да го стави за носител во петката. Инаку, Изет Меџити е во првата изборна единица, Африм Гаши во втората, Билал Касами во шестата.
Миле Ристески
