САД го поддржуваат членството на земјите од балканот во Европската Унија
Соединетите американски држави силно го поддржуваат членството на земјите од балканот во Европската Унија – Вашингтон притиска за побрза интеграција.

САД го поздравија отворањето на преговорите на Босна и Херцеговина со ЕУ и поддржуваат евроинтеграција на сите држави од регионот на Западниот Балкан. Ќе работиме заедно со Брисел за целиот регион да влезе во Унијата оти така целиот регион ќе биде реформиран, изјави американскиот помошник-државен секретар на Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во брифинг за медиумите.
„Сега сме во ситуација кога 6-те држави од западниот Балкан кажаа дека сакаат да бидат дел од Европа. Европа сега го прифати тоа и се вклучува со секоја од земјите и во различни фази од процесот. Силно поддржуваме интеграција на овие држави во европските структури и ако одлучат и во евро-атлантските структури како НАТО. три од државите сега се полноправни сојузници“, изјави Џејмс О’Брајан-помошник-државен секретар за Европа и Евроазија.
Американскиот дипломат потсети дека Косово се соочува со одлуки за натамошно интегрирање во меѓународните организации и покрај поддршката од САД.
„Ние го поддржуваме Косово на патот напред што беше договорено со асоцијацијата на српски општини. Ова е критичен елемент за Косово да добие што сака-членство во меѓународните организации. Владата во Косово мора да донесе тешки одлуки за да се приклучи кон европските и меѓународните заедници.“, изјави Џејмс О’Брајан-помошник-државен секретар за Европа и Евроазија.
Белград и Приштина треба да ги намалат тензиите и да работат на исполнување на меѓусебно постигнатиот договор. Каков било анекс на договорот за одржување референдум на Косово ќе биде назадување, смета О’Брајан.
Ирина Гелевска
