Управен суд

Извршителка заврши во притвор

22.03.2024 17:40

60-годишната извршителка Весна Јакимовска заврши во притвор. Таа вчера во Кичево го нападнала новинарот Фуркан Салиу и ја оштетила неговата службена опрема ...

60-годишната извршителка Весна Јакимовска заврши во притвор. Таа вчера во Кичево го нападнала новинарот Фуркан Салиу и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во полициска станица, каде што била повикана на службен разговор, нападнала полицаец и го оштетила неговиот службен материјал. МВР ќе поднесе пријава.

Обвинителството побара притвор на извршителката. Освен за напад и попречување на работата на службено лице, таа се сомничи и за уништување деловни книги.