Русија

Силни експлозии во концертна сала во Москва, најмалку 40 загинати

22.03.2024 21:13

Неколку силни експлозии одекнаa во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва. Според руските медиуми, пред само неколку часа се случило и првото пукање од три маскирани лица пред почетокот на концертот на групата „Пикник“...

Неколку силни експлозии одекна во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, јавува Би-би-си. Втора силна експлозија одекна во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, јавува Би-би-си. Според тамошните медиуми, вечерва требало да се одржи поп концерт во салата „Крокус“. Напаѓачите влегле во фоајето на преполната сала и пукале во публиката. Бројката на ранети и загинати расте постојано. Информациите се движат меѓу 10, 40 и 100 и неколку десетици ранети.

Според руските медиуми, пред само неколку часа се случило и првото пукање од три маскирани лица пред почетокот на концертот на групата „Пикник“. Засега е нејасно колку жртви има и кои се напаѓачите, но градоначалникот на Москва, изјави дека на местото на пукањето се распоредени 50 амбулантни возила.

По несреќата, на самото место експресно дојде и рускиот гувернер.

„Се случи трагедија. Се наоѓаме во близина на Крокус Концертна сала, пожарникарите работат. Пожарната област е многу забележлива. Сè друго ќе биде јасно откако пожарникарите ќе ја завршат својата работа“, изјави Андреј воробјов, гувернер на руската московска област.

На твитер профилот на ОСИНТ, пак, се наведува бројка од 40 до 100 загинати.

Видеоснимките од местото на настанот прикажуваат пламен и чад како се надвиснуваат над објектот.

Руските медиуми објавија и дека полицијата и националната гарда се на терен и дека во салата и натаму има луѓе. Според еден репортер, граната или запалива бомба била фрлена по престрелката, што предизвикало пожар во салата. Досега се регистрирани две експлозии во салата. Друга снимка, пак, покажува одреден број луѓе како лежат неподвижно во локви крв во салата.

Британски „Гардијан“, пак, пишува дека се работи за терористички напад каков што со години не е виден во Русија. Оттаму додаваат дека напаѓачите во концертната сала биле облечени во воени униформи.

Инаку, ова следува откако американската амбасада во Москва неодамна предупреди дека би можело да има екстремистички напади во Русија.