Армија

Отворен ден на Армијата на Воениот стадион во Скопје

23.03.2024 08:32

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денес ќе биде организиран Отворен ден на Армијата, по повод одбележувањето на 4-годишнината од членството на Македонија во НАТО ...

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денес ќе биде организиран Отворен ден на Армијата, по повод одбележувањето на 4-годишнината од членството на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

На отворениот ден ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин.

На Воениот стадион ќе бидат изложени воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.