Засилување за ЕП во Данска

Вугринец и Прибак – Македонци

06.12.2013 15:45

Ренато Вугринец и Немања Прибак добиле покана да играат за македонската репрезентација на Европското првенство во Данска. Нашиот национален ракометен тим има високи амбиции на јануарскиот собир, а засилен со овие двајца играчи може да игра значајна ролја на шампионатот. Затоа, според порталот „екипа.мк“, РФМ почнала процедура вардарецот Прибак и Вугринец од Металург да добијат државјанство.

На Европскиот шампионат Македонија е во група со домаќинот Данска, со Австрија и со Чешка, а првите три селекции ќе се пласираат во вториот круг. Доколку ја остварат таа цел, македонските ракометари ќе бидат во посилната квалитативна група во одредувањето на бараж – двојките за претстојното Светско првенство во Катар.

Тони Стојановски