МВР

МВР: 150 санкционирани возачи во Скопје

23.03.2024 08:36

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.