Семејно насилство

Жените во полошкиот регион сè почесто го трпат семејното насилство

24.03.2024 15:26

Во полошкиот регион сè почесто жените го трпат таканареченото економско насилство, односно зависноста на жената од платата, парите и имотот кој го поседува нејзиниот сопруг. Поради ваквата економска зависност жената е принудена да ги трпи другите видови како сексуално, психичко и физичко насилство ...

Во полошкиот регион сè почесто жените го пријавуваат насилството, но загрижува фактот што за време на судскиот процес тие се откажуваат од жалбите.

Познавачите на приликите, велат дека жртвите решаваат да се вратат кај насилникот, најчесто поради срамот од околината, но и економска зависност од сопругот. Проблемот може да се надмине само со финансиско зајакнување на жената.

На жртвите им треба правна и психолошка помош, а за време на тој процес но и додека траат судските постапки жената нема каде да се засолни оти во целиот полошки регион сè уште нема шалтер центар.

И статистиката на полицијата говори за семејното насилство во полошкиот регион, најчесто врз жената.

Лани жртви биле 106 сопруги, поранешни, вонбрачни; мајки; сестри, но и 24 машки лица, најмногу татковци и синови.

 

Зоран Димовски