Москва

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала во Москва

23.03.2024 09:00

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала „Крокус Сити“ во московското предградие Красногорск. Расте бројот на загинати...

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала „Крокус Сити“ во московското предградие Красногорск. Расте бројот на загинати. Во синоќешното пукање се убиени најмалку 60 лица, а 100-на се повредени, соопштија руските истражители. Се трага по напаѓачите.

Според очевидци, најмалку три лица во маскирни униформи отвориле оган, фрлиле запаливи бомби и побегнале. Светот со осуда за грозоморниот чин. Претходно советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседателот Зеленски, Михаил Подољак, изјави дека Украина не е вмешана во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“.

И во другите руски градови паника. По нападот во Москва, евакуација и на трговски центар во Санкт Петербург. Амбасадите на САД и на Обединетото кралство во Москва уште пред десетина дена, предупредиле од можни терористички напади.