Избори

Партиите ги комплетираат листите за пратеници

23.03.2024 09:23

Партиите ги комплетираат листите за пратеници за изборите на 8-ми мај. Попладне СДСМ на конгрес ќе ги официјализира 120-те кандидати во 6-те изборни единици ...

Партиите ги комплетираат листите за пратеници за изборите на 8-ми мај. Попладне СДСМ на конгрес ќе ги официјализира 120-те кандидати во 6-те изборни единици. Извесно е дека лидерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи листата во единицата. Сигурна е и потпретседателката Сања Лукаревска како носител.

Се споменуваат и Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Славјанка Петровска. Во ВМРО-ДПМНЕ разрешена дилемата за петтата изборна единица. Носител ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Претходно беше официјализирано дека лидерот Мицкоски ќе има дуел со Ковачевски во единицата.

Владо Мисајловски е носител во двојката, Драган Ковачки во тројката, Александар Николоски и Дафина Стојаноска ќе ги предводат листите во петтата и шестата изборна единица. Поранешната пратеничка од СДСМ, Весна Бендевска ќе биде носителка на листата на движењето „Знам“ во петката.