Израел

Ентони Блинкен со предупредување до Израел

23.03.2024 09:43

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го предупреди Израел дека офанзивата на градот Рафах на југот на Појасот Газа може дополнително да го изолира и да и наштети на неговата долгорочна безбедност ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го предупреди Израел дека офанзивата на градот Рафах на југот на Појасот Газа може дополнително да го изолира и да и наштети на неговата долгорочна безбедност. Нетанјаху по средбата со Блинкен најави дека Израел е подготвен сам да ја продолжи војната против Хамас.

Вашингтон стои со Израел во неговата цел да го уништи Хамас и да ја обезбеди неговата долгорочна безбедност, но дека „голема копнена воена операција во Рафах“, не е начин и се ризикува убиство на повеќе цивили и да предизвика уште поголем хаос во обезбедувањето хуманитарна помош, рече Блинкен.

Следната недела израелска делегација ќе го посети Вашингтон за да разговара за планот за Рафах.