Недостиг на кадар во штипските градинки, недостиг и на лиценцирани воспитувачи
Градинките во Штип имаат услови за згрижување на повеќе деца, но заради недостиг на кадар не се примаат. Долг период се бараат нови вработувања, но надлежните велат – бадијала и да се распишат огласи за вработување, кога нема лиценцирани воспитувачки и негувателки...

Штипските градинки кубурат со стручен кадар, испразнетите места не се пополнуваат. Се бара согласност од Министерството за труд и социјална политика. Астибовите градинки работат со 30 насто помалку кадар.
Уште поголем проблем од немање согласност за вработување е недостигот на лиценцирани воспитувачки и негувателки во Штип.
Од Комисијата за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, при Министерството за труд и социјала нема одговор зошто нема испити за лиценцирање на овој кадар.
Славица Величковска
