Земјоделство

Стратегија за пласман и договорено производство бараат земјоделците во струмичко

23.03.2024 11:27

Струмичките земјоделци бараат стратегија за пласман на раноградинарското производство но и да се зајакне договореното производство. Овие барања доаѓаат бидејќи наредниот месец ќе почне бербата на зеленчукот од овој регион ...

Министерството за земјоделство мора да вложи напори да го поттикне договореното производство но и да има увид колку и што се произведува во земјава. Вака смета Драги Памуков, претседател на потсекторската група за градинарство според кого во државата е потребна стратегија за пласманот.

Земјоделските експерти сметаат дека земјоделците мора да склучуваат договори со откупувачи, извозници, преработувачи. На тој начин ќе знаат што да работат за една сезона.

Во земјава информациите околу земјоделскиот производство, се засновуваат на пријавите на субвенции иако и понатаму фали таа директна врска меѓу производителите и откупувачите.

 

Ване Трајков