Нов лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров
Стејт департментот го посочи Шавки Али Ахмед Ал-Бадани како главен и глобален терорист. Ал-Бадани се води на листата како шеф и главен оперативец на Ал-Каеда на Арапскиот Полуостров. Тој е одговорен за нападот на Ал-Каеда врз амбасадата во Сана, Јемен и за поврзаност со бомбашите-самоубијци кои усмртија над 100 јеменски војници во мај 2012-та, се вели во соопштението на Стејт Департментот.

Ал Бадани е планерот на големиот број напади во летото 2013-та година што ги принуди САД да затворат 19 дипломатски претставништва на Средниот Исток и во Африка. За него владата во Јемен распиша потерница и награда од 100 илјади американски долари.