Стопанство

На стопанството му требаат продуктивност и квалификувана домашна работна сила

23.03.2024 17:15

Увозот на работна сила иако во почетна фаза е веќе во неколку дејности. Тоа отвори прашања за причините и состојбите во македонското стопанство околу соодветен кадар за пазарот на трудот.

Итни реформи во образовниот систем, во средното стручно и високото образование и продуцирање на соодветна работна рака за компаниите, посочуваат експертите. Ова е во контекст на увозот на работна сила за што стопанствениците велат дека е поради ниската продуктивност и немањето квалификувана работна сила што им е потребна.

Увозот е во угостителството, а прилепската текстилна индустрија доби 9, се очекуваат и уште десет работници од Непал. Се споменува и градежништвото. Во ниската продуктивност не помага ниту заминувањето на младите.

Според работодавците, дуалното образование не ги дава потребните кадри на пазарот на трудот.

Стапката на невработеност во земјава е околу 13 проценти, релативно висока за меѓународните стандарди, а активноста на работната сила е меѓу најниските во Регионот.

 

Елизабета Митреска