Москва

Расте бројот на жртвите, сторителите уапсени

23.03.2024 18:24

Масакрот во концертната сала на периферијата на метрополата е главна тема денеска во сите светски медиуми. 11 лица се уапсени, меѓу нив петмина терористи. Убиени се стотина, меѓу нив и три деца, но бројот на жртви расте. Бидејќи над 150 лица се повредени, многумина се во критична состојба. Рускиот претседател Путин категорично тврди-терористичкиот напад е организиран од Киев. Извршителите се уапсени на стотина километри пред границата со Украина. Утре во Русија е ден на жалост.

Чеченскиот командант Кадиров, потврди дека неговите војници заедно со руската федерална служба за безбедност ги уапсиле терористите во близината на границата со Украина. Тие се приведени живи. Сторителите и нивните наредбодавци ќе бидат најстрого казнети, изјави шефот на Кремљ. Меѓу убиените има деца, тинејџери и жени, рече Путин.

„Оние кои стрелаа и убиваа луѓе се откриени и приведени. Се обидоа да се скријат и се упатиле кон Украина, патот им бил организиран на украинска страна за да ја минат границата“, изјави Владимир Путин-претседател на руската федерација.

Путин нареди спроведување специјални антитерористички мерки во московскиот и во други региони во Русија. Шокиран сум од нападот, Шји Џјинпинг, испрати порака за поддршка за руската борба со тероризмот. и турскиот претседател, како и повеќето западни земји го осудија терористичкиот чин.

„Ние разбираме што значи крвавото и перфидно лице на тероризмот и затоа силно го осудуваме нападот. Кој и да стои зад него, тероризмот е неприфатлив“, изјави Реџеп Тајип Ердоган-претседател на Турција.

Редици за дарување крв во престолнината. Во Москва, пред местото на масовното убиство граѓаните масовно се собираат и полагаат цвеќиња.

„Ова е шок и провокација. Мислам дека е поврзано со изборите. Некој сака сурово со последици да влијае врз фактот што не им се допаѓа“, изјави русинка-жителка на Москва.

Утре во руската федерација е ден на жалост.

 

 

Зоран Богатинов